EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Брускети со путер и лукче кои се топат во уста

Овој пикантен оброк можете да го јадете за појадок или вечера – на вас ви останува да изберете кога.

Состојки:

– малку путер

– ситно сецкан лук

– ситно сецкан магдонос

– сол

– пармезан

– леб

Подготовка:

– Истопете го путерот, додадете го лукот, магдоносот и солта.

– Со кујнска четка за нанесување премачкајте го лебот со направената смеса.

– Загреаното тавче премачкајте го со уште малку путер, па ставете ги парчињата леб во него, а преку нив изрендајте и малку пармезан.

– Пармезанот ќе биде контраст за благиот вкус на путерот, и ќе го заостри вкусот на лукот.

– Пржете на среден оган, па по неколку минути завртете и оставете да се запече и од другата страна.

Уживајте во овие превкусни брускети.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Откриен нов метод, која ја спречува дебелината

Angela

Слатка зимница со вкус на карамела

Angela

Најстарата баба во Ирска го прослави 109-от роденден во автобус: Ова се нејзините два клучни совети за долг и добар живот!

Angela