EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ НАСЛОВНА Убавина

Докажано: Чекори што помагаат да се ослободите од масните наслаги

Многумина сè уште веруваат во митот дека е можно насочено губење на тежината, но тоа навистина не е точно. Ако се прашувате како да ги намалите мастите од стомакот, треба да знаете дека не можете да ги намалите телесните масти на само еден дел од вашето тело.

„Може да се здебелите во различни зони на телото, а кога ќе почнете да губите тежина, ќе ги изгубите складираните маснотии од целото тело. Не можете да го присилите телото да ги повлече мастите само од одредени области“, вели диететичарот Алберт Матени.

Иако не треба да чувствувате притисок да изгубите тежина, важно е да се истакне дека салото на стомакот не е добро за целокупното здравје. Се поврзува со зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2.

„Ако вежбате и јадете помалку калории, ќе изгубите тежина“, додава Матени.

Според Матени, технички би можеле да го изгубите салото од стомакот без вежбање, под услов да согорите повеќе калории отколку што консумирате. Но, редовното вежбање е добро за целокупното здравје, така што треба да го направите дел од вашата дневна рутина без разлика дали се обидувате да изгубите тежина или не.

Генерално, експертите велат дека овие промени можат да ви помогнат да се ослободите од салото од стомакот и другите делови од телото.

1. Менаџирајте го стресот

За жал, докажано е дека високото ниво на хормонот на стрес кортизол го стимулира акумулацијата на масното ткиво во средниот дел од телото. Преземете чекори за да го елиминирате или барем да го намалите стресот во вашиот живот. Размислете за медитација и јога или посетете професионалец за ментално здравје за совет како подобро да управувате со стресот.

2. Намалете со алкохол

Алкохолот содржи калории кои често не ги земаме предвид. Исто така, алкохолот може да ги зголеми шансите да посегнете по помалку здрава храна.

3. Прескокнете ги соковите

Соковите исто така не се ваш пријател ако се обидувате да изгубите тежина. Сокот во организмот се претвора во шеќер.

4. Дајте предност на спиењето

Една анализа од 2016 година, објавена во European Journal of Clinical Nutrition, анализирала податоци од 11 студии и открила дека луѓето кои спиеле 5,5 часа или помалку во текот на ноќта трошеле 385 калории помалку од оние кои спиеле седум до 12 часа. Луѓето кои спијат помалку од препорачаните седум или повеќе часа навечер, исто така почесто јадат нездрава храна.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Гвардиола во тајна врска со девојката на Пике, тврдат шпанските медиуми, фановите велат: „Тоа му е карма!“

Angela

Заработуваат богатство, а се шетаат по теренот

Angela

Сеќавање: 58 години од скопскиот земјотрес

Angela