EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина

Кои витамини ви недостасуваат ако кожата ви пука, имате грчеви или ви опаѓа косата?

За да бидете сигурни дека јадете здраво и дека внесувате доволно хранливи материи во вашето тело, слушајте си го телото. Ако забележите одредени промени во вашата кожа, вашето тело се обидува да ви „каже“ дека ви недостасуваат витамини или минерали. На овие промени треба да обрнете внимание.

Пукање на кожата на рабовите на усните – ви недостасуваат: железо, цинк и витамини од групата Б, како што се витамини Б3, Б2 и Б12. Ова е вообичаено кај вегетаријанците, бидејќи тие поради начинот на исхраната често не добиваат доволно од спомнатите супстанции

Решение: Јадете повеќе блитва, кикирики, мешунки како леќа, месо од живина, лосос, туна, јајца, школки и ракови. Апсорпцијата на железо е интензивирана со витаминот Ц, кој исто така, помага во борбата против инфекцијата. Комбинирајте ги овие намирници со зеленчук како брокула, црвени пиперки, кељ и карфиол.

Црвен осип на лицето (а понекогаш и на други места) и опаѓање на косата, ви недостасуваат: витамин Б7, познат како витамин за косата. Ако јадете сурови јајца, тоа ве прави ранливи бидејќи протеинот присутен во сурови јајца, наречен авидин, ја инхибира способноста на организмот да апсорбира биотин.

Решение: Јадете повеќе варени јајца (готвењето го деактивира авидинот), лосос, авокадо, печурки, карфиол, соја, ореви, малини и банани.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Сонот може да ви предизвика срцев и мозочен удар: Како да го спречите?

Angela

Полнети палачинки: Жешка чоколадна сензација готова за 10 минути

Angela

Железото и вашето здравје

Angela