EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Важни совети ако сами сушите лековите билки за чај

Ако сами берете чај, сушењето е првиот чекор за да истиот подолго ви трае, односно за да може да подготвувате чај.

Билката не треба да ја миете пред сушење, а треба да ја ставите да се суши веднаш по берењето.

Зелените делови од билката, листовите и некои цветови се сушат цели. Може да ги иситните непосредно пред користење.

Корените треба да се исечат по должина пред сушење, за полесно да се одвива процесот.

Билките се сушат на студено место и на провев, а не директно на сонце. Нашите баби некогаш лековитите билки ги врзувале со снопче и ги сушеле над печка или во поткровјето. Ако ги изберете овој начин, билките врзете ги со коноп и обесете ги надолу, но не прегусто наместени, за да може меѓу нив да кружи воздухот.

Едноставен начин на сушење е и со поставување на чиста хартија на која ќе ја распоредите билката и ќе ја оставите да се исуши. Но, внимавајте, ако просторот не е многу чист, заштитете ја билката така што ќе ја прекриете со хартија.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДИЕТА – Портокали и бадеми за сјаен тен

Angela

Пилешко месо во сос од печурки – најбрза и најлесна подготовка на превкусно јадење!

Angela

Без хемикалии: Средство за чистење од лимон, лимета и оцет

Angela