EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

За ден исполнет со енергија: Ова е најдобриот избор за здрав појадок

Појадокот е најважниот оброк во денот кој дава енергија и спречува појава на здравствени проблеми. Затоа важно е да испланирате редовен, здрав и богат со нутриенти, појадок. Овие се најдобрите производи за здрав појадок.

Пченични ркулци – тие се извор на енергија. Само две лажици обезбедуваат доволен дневен внес на витаминот Е и фолати, а се препорачуваа ткако природно средство за зајакнување на организмот. Подготовката е едноставна – посипете ги преку житарки, додајте јогурт и појадокот е готов.

Овес – овесните или зобени снегулки со немастен јогурт или млеко се одлични за добро утро. Овесот содржи бета-глукан, вид растителни влакна кои помагаат во намалување на холестеролот и богат е со омега-3 масни киселини и калиум. За подобар вкус додајте мед или една рака јаткасти плодови.

Намаз од бадеми – е алтернативен извор на протеини и мононезаситени масти. Содржи 100 калории на една лажичка, а нутриционистите го препорачуваат како намаз со интегрален леб или во комбинација со банана.

Ленено семе – чинија ленено семе за појадок ви обезбедува доволна количина омега-3 масни киселини за здраво срце и го чисти организмот од токсини. Научете како се подготвува ленено семе и додајте во појадокот.

Грчки јогурт – немасен, кремаст и полн со калциум, протеини, обезбедува дополнителна енергија и се препорачува во комбинација со овошје.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да дознаете дали ЈАЈЦЕТО Е РАСИПАНО – без да го скршите

Angela

Грешка со утринското кафе поради која цел ден сте како „претепани“

Angela

Девет причини зошто е добро да пиете кафе

Angela