EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фитнес

Долготрајното седење подобрете го со оваа петминутна вежба

Седечкиот начин на живот во голема мера влијае на здравјето – од проблеми во нозете, ‘рбетот, мускулите, крвните садови, вкочанетост на вратот и рамената, слаба циркулација до многу други здравствени проблеми. За жал, ова е последица на современиот начин на живот, а човечкото тело едноставно не е создадено да седи поголем дел од денот. Создадено е за движење и одење.

Постојат одредени мали тактики и совети што можете да ги примените за во голема мера да ги спречите последиците од долго седење на вашиот компјутер (што е најчеста причина). Еден совет е дефинитивно да го одржувате грбот исправен додека седите, а тоа во голема мера може да го постигнете ако понекогаш работниот стол го замените со пилатес топка.

Пилатес топката е одличен реквизит за ова затоа што со неа мора да научите да одржувате стабилност и рамнотежа и да ги активирате мускулите, а со тоа да ги намалите и болките во грбот. Правењето помали паузи за истегнување е исто така клучно за зајакнување на целото тело бидејќи седењето ве прави многу слаби и треба да го надоместите она што го губите и да ја стимулирате циркулацијата.

Покрај тоа, кога седите неколку часа без да ги истегнете нозете, тоа во голема мера го забавува варењето. И неправилното варење повлекува многу несакани ефекти како болка, отсуство на столица, рак на дебелото црево и многу други проблеми. Ова е уште една причина зошто е важно сериозно да го сфатите овој проблем и да научите мали трикови како да го решите – верувајте ни, вашето тело и мускули ќе го ценат тоа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Освежителен Барби коктел, спој на мохито, пина колада и лимонада

Angela

Новооткриен паразит именуван по Џеф Даниелс

Angela

Зошто да се разбудите и да го почнете денот во 5 часот наутро?

Angela