EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

НЕМА КОЈ НЕ САКА ОБЛАНДИ! Рецепт кој им успева и на почетници (ВИДЕО)

Кога ќе се споменат обланди, веднаш помислуваме на детството. Нашите баби ги правеа најдобрите обланди, а ние ви претставуваме рецепт за едни.

Состојки:

700 гр шеќер

200 мл вода

150 гр маргарин

400 гр млеко во прав

200 гр кокос

100 гр бело чоколадо

100 гр црно чоколадо

2 кори големи обланди

1 киндер обланда

Подготовка:

Истурете ги шеќерот и водата во тенџере и измешајте. Омекнете ги малку двете чоколади. Во друг сад ставете го омекнатиот маргарин, млекото во прав и кокосот. Кога ќе го стопиме шеќерот го истураме во маргаринот, млекото во прав и кокосот.

Добро измешајте со миксер. Поделете на два дела. Во едниот ставете бело, а во другиот омекнато темно чоколадо.

Наполнете ги дупчињата на кружната киндер обланда со бел фил. Покријте со рамна обланда.

Превртете од другата страна, па со темниот фил пополнете ги празнините на киндер обландата. Покријте со обична обланда.

Притиснете ги обландите со некои книги да се стегнат 2-3 часа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МЗ: Зголемен интересот за вакцинација, вчера се аплицирани 16.955 вакцини

Angela

Најголеми невистини кои МАЖИТЕ ги мислат за жените

Angela

Папараците ги „уловиле“ Џеф Безос и неговата девојка на новата јахта вредна 500 милиони долари која предизвика контроверзии

Angela