EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Зелениот чај нуди десетици придобивки

– Зелениот чај помага во спречување на појава на повеќе болести, меѓу коишто и мозочен удар и некои видови на рак, смета јапонскиот научник, д-р Аичи Фукушима, за „Нихон Кејзаи“.

Според лекарот, последниве години бројот на епидемиолошки испитувања посветени на овој производ е значително зголемен.

– Со Мета-анализа за 2021 година, комбинирајќи и анализирајќи ги резултатите од неколку трудови, потврдено е дека потрошувачката на зелен чај е поврзана со намалена опасност од развој на многу широк спектар на болести, вклучително и одредени видови на канцер, како што се рак на ендометриумот, белите дробови или на јајниците. Тој е корисен и за срцевите болести и спречува мозочен удар, вели Фукушима. Според него, ова се должи на присуството на катехини, кои се наоѓаат во големи количини во зелениот чај.

– Полифенолите во зелениот чај се нарекуваат чајни катехини. Тие имаат силно антиоксидантно дејство, вели тој. Фукушима, исто така, образложи дека чајните катехини ја зголемуваат активноста на ензимите вклучени во распаѓањето и согорувањето на маснотиите, што го олеснува користењето на мастите како енергија. Според разни теории, катехините и теанинот содржани во зелениот чај ја намалуваат и веројатноста за заразување со вируси на грип.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СЕ СЕЌАВАТЕ НА ИЛМА КАРАХМЕТ: На 2-ри мај го прослави 23 роденден, нема шанси да ја препознаете (ФОТО)

Angela

Адел ја купила вилата на Сталоне, но имала еден важен услов (ФОТО)

Angela

Сончево со мала локална облачност

Angela