EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

НАВИСТИНА СУМ ПОДГОТВЕНА, НЕ САКАМ ПОВЕЌЕ ДА СЕ БОРАМ – славните водителка и пејачка се згрчиле кога Тина Тарнер им кажала дека знаела што ќе се случи!

Тина Тарнер, кралицата на рок музиката, почина пред два дена, на 83-годишна возраст. Последните денови ги поминала во својот дом во Швајцарија, каде и починала.

Деновиве од неа се простуваат нејзините колеги и обожаватели, а водителката Опра Винфри и пејачката Шер раскажаа што им кажала Тина Тарнер пред нејзината смрт.

„Знаев дека е болна, ја видов во 2019 година, ја посетив во болница и тогаш ми кажа дека е подготвена да замине. Поточно, ми рече дека е подготвена да го напушти овој свет. Очекував дека тоа ќе биде последен пат да ја видам“, изјави Опра за CBS Mornings.

Тина ѝ кажала слично нешто и на колешката Шер.

„Таа се бореше со болеста долго време и беше многу силна, исто колку што луѓето мислат дека е, но кон крајот ми рече: „Навистина сум подготвена. Не сакам повеќе да се борам’“, изјави Шер, која исто така рече дека Тина имала апарат за дијализа во нејзиниот дом.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Земјотрес од 4,1 степен во близина на границата на Албанија со Црна Гора

Angela

Пред три години разнесуваше пица, синоќа го сруши Атлетико

Angela

ПРЕЖИВЕАЛА ПЕКОЛ ОД КОЈ СЕ УШТЕ СЕ ЛЕКУВА – поранешната на Богдан Срејовиќ била полиена со киселина по лицето, денес ќе подзинете како изгледа (ФОТО)

Angela