EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Спречува стареење и штити од вируси и бактерии

Еден од витамините што го има во изобилство во составот на ананасот е витаминот Ц. Така тој го поттикнува производството на имуноглобулини, што би значело дека ја зајакнува одбраната на организмот од бактерии и вируси. Многу е корисен и за кожата, а го стимулира производството на колаген, ѝ дава сјај на кожата и го забавува стареењето на кожата. Витаминот Ц е исто така одличен природен антиоксиданс.

Ананасот содржи и флавоноиди кои во комбинација со витамин Ц помагаат во спречување на воспаленија, развој на хронични болести, Алцхајмерова болест и заштита на клетките од слободните радикали.

Ананасот е тропско овошје, а изобилува со манган. Тој е заслужен за одржување на силни и здрави коски. Ако редовно го јадете ова овошје, нема да имате проблеми со недостаток на овој минерал.

Дали некогаш сте виделе некои „тешки“ јадења послужени со сос од ананас? Ако е така, причината е што ананасот содржи бромелаин, кој го забрзува метаболизмот и исто така придонесува за разградување на протеините. Експертите го докажаа тоа, дека го забрзува разградувањето на мастите во телото. Исто така, имајте на ум дека неговата тесна врска со согорувањето на мастите не е целосно проучена.

Но, тоа не значи дека не треба да се додава во исхраната, бидејќи е нискокалоричен, односно содржи 50 kcl на 100гр, а покрај тоа изобилува со витамини, влакна и минерали.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

5 намирници кои не треба да се јадат за појадок: Грешка која сите ја правиме!

Angela

Дијареја – како да си помогнете?

Angela

Експертите појаснија: Дали кафето и чајот можат да ја заменат водата во текот на денот

Angela