EXCLUSIVE MK
Медицина

Проблемите со холестеролот се манифестираат навечер

Покачените нивоа на холестерол се посочуваат како пресудни фактори при развивањето на кардиоваскуларни болести.

Некои симптоми може да се појават во многу рана фаза, односно откако само што маснотиите ќе почнат да се акумулираат во артериите, во текот на ноќта. Според Клиниката во Кливленд, првите знаци на висок холестерол кај периферната артериска болест се најчесто болка, грчеви и непријатност во нозете. Најчесто се јавуваат ноќе, нарушувајќи го сонот на човекот.

Д-р Адам Стејтен вели дека тогаш мускулите и ткивата во телото немаат доволно добро снабдување со крв, што може да резултира со состојба позната како периферна артериска болест. Избегнувањето третмани против високото ниво холестерол е една од главните причини за насобирањето наслаги во артериите. Тоа е знак за намалување на протокот на крв.

– Тоа е истиот процес што води до срцев удар или мозочен удар, но со оваа состојба примарно се засегнати артериите на нозете, а нешто поретко и рацете, додава д-р Стејтен.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Трета доза на вакцини – кој е планот?

Angela

Што не знаеме за третата доза, а би требало да знаеме

Angela

Македонија под удар на топлотен бран, објавени мерки за заштита

Angela