EXCLUSIVE MK
Македонија Медицина НАСЛОВНА

Македонија под удар на топлотен бран, објавени мерки за заштита

Денеска не очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. УВ индексот ќе биде 9. Во Скопје слично време со температури од 20 до 39 степени Целзиусови, известуваат од УХМР.

Најтопло ќе биде во Гевгелија, каде што температурата ќе се искачи до 42 степен.

Утре повторно не очекува сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а температурите низ целата држава ќе бидат високи и над 40-от степен. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 9.

Како што информира УХМР, во следните три дена, особено во петок следи променливо облачно и посвежо, попладне со умерен до засилен северозападен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8. За време на викендот повторно сончево и многу топло со умерен ветер.

Министерството за труд и социјална политика ги повикува работодавачите, негователите и воспитувачите во градинките, вработените во Центрите за социјална работа, во Црвениот крст да ги почитуваат препораките од Министерството за здравство, за заштита на здравјето и превенирање на последиците од топлотните бранови кои следуваат.

Целата територија на нашата држава ќе биде зафатена со температури од портокалова (алертна) фаза во текот на следните денови, почнувајќи од среда 04.08. до 05.08.2021 година.

Општите мерки кои треба да се почитуваат се следниве:

Ослободување од работните обврски на најранливите групи на населението, како што се бремените жени и лицата на возраст над 60 години.

Во установите за згрижување на децата (градинки) да не практикуваат физичка активност и да не ги изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот.

Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи во регионите зафатени со топлотниот бран да имаат поактивен пристап и да пружат помош на осамени стари изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед на фактот дека одредени ризични производни и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавачи на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да ги откриете симптомите на депресијата

Angela

Откриени тајните сметки на Гвардиола со кои затајувал данок

Angela

5 причини зошто во исхраната треба да внесете ротквици

Angela