EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ ЗДРАВЈЕ Медицина Свет

СЗО ја одобри првата вакцина против маларија

Светската здравствена организација ја одобри првата вакцина против маларија. Како што соопштија, вакцината треба да влезе во широка употреба за да се спречи маларијата, болест која ја пренесуваат комарците и е далеку посмртоносна од корона вирусот, да убие стотици илјади деца во Африка.

Вакцината се вика RTS,S/AS01 или Mosquirix, а ја направи британскиот производител на лекови GlaxoSmithKline. Од 2019 година досега 2,3 милиони дози од вакцината беа дадени на бебиња во Гана, Кенија и Малави во рамките на пилот-програмата која ја координира СЗО. Таа програма следуваше после повеќегодишни клинички испотувања во 7 африкански земји.

Од маларија умираат главно деца во Африка. Најголем дел од тие кои страдаат од болеста се помали од 5 години. Според податоците на СЗО, секои две минути едно дете умира од маларија.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адхан, изјави дека оваа вакцина е подарок за целиот свет, но дека нејзината вредност најмногу ќе ја почувствува Африка. Ефикасноста на вакцината во спречувањето на потешки случаи на маларија кај децата е само 30%, но тоа засега е единствената одобрена вакцина.

Ова е прв пат СЗО да препорача широка употреба на вакцина против хуман паразит. Вакцината делува против плазмодиум фалципарум, една од петте врсти паразити, која е и најсмртоносна. Пред одобрената вакцина да стигне до децата во Африка анредниот чекор е финајсирање на производството.

(Bizlife)

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Најчестите грешки при употреба на креми за сончање

Angela

Лек за дијабетес тип 2 драстично ја намалил тежината на луѓето

Angela

МЗ: За два дена аплицирани 4.418 вакцини, 38 отсто од популацијата вакцинирана

Angela