EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Трета доза на вакцини – кој е планот?

Додека во повеќе земји низ регионот и светот веќе подолкго време се препорачува трета доза од вакцина против ковид-19, во земјава се уште се чека на официјална препорака од ЕМА- одбносно европската агенија за лекови.

Од Министерството за здравство за тв 24 велат дека се уште траат испитувањата за тоа каков ефект има трета доза врз создавање на отпор против ковид-19.

– Се уште траат испитувањата за тоа каков ефект има третата доза врз создавање на отпор кон вирусот. Американската агенција за што- провери ФДА има дадено препорака за трета доза на Фајзер вакцина кај имунокомпромитирани пациенти, како и пациенти коишто имаат трансплантации или пациенти коишто се на дијализа. ЕМА (Европската агенција) се уште ја нема дадено таа препорака. Ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии. Тоа што во овој момент го знаеме е дека трета, бустер доза со производителот Фајзер, значајно ја зголемува ефикасноста. – велат од Министерство за здравство.

Доктор Никола Пановски во изјава за ТВ24 вели дека трета доза од вакцините против ковид-19 е потребна. Вели дека се прави разлика меѓу трета доза и бустер доза. Третата доза од вакцината е предвидена за граѓаните кои се во ризичните групи и не развиле антитела, а бустер доза се дава кај оние кои се добро имунизирани, и се дава за да го продолжи ефектот.

Регионот веќе почна да администрира бустер доза за оние вакцинирани на почетокот од вакцинацијата. Во Србија се препорачува веќе трета доза, Хрватска планира да испитува колку антитела се создале кај повозрасните категории кои меѓу првите се вакцинираа, па да одлучи дали ќе вакцинира со трета доза. прашањата остануваат отворени – кои вакцини се најсоодветни за тртеа доза- дали се дозволени комбинации, кои попрецизно, дали постојат послаби и посилни вакцини, односно трети дози – тоа се прашања кои се уште се непознаница во светот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Романтичната љубов може да трае вечно

Angela

ИМАЛО ЗОШТО ЈА КРИЕ ОД ЈАВНОСТА – кога светот дозна колку години има девојката на Халанд таа со право ги избришала социјалните мрежи (ФОТО)

Angela

Знаци кои потврдуваат дека партнерот повеќе не ве привлекува

Angela