EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Зошто треба да јадете лимон секој ден?

Лимонот е одличен во ублажувањето, но и лекувањето на многу болести. Прва асоцијација на студени зимски утра е топол чај со лимон. Но, и на топли долги ноќи исполнети со ладна лимонада.

Лимонот е најдобриот извор на витамин Ц кој е клучен за создавање колаген, помага во апсорпција на железото од билната исхрана, ефикасно се бори против преладување и поттикнува регенерација на коските. Затоа – почнете го секој ден со свежо исцеден лимон, придобивките се неминовни.

Лимонската киселина е присутна во лимоновиот сок. Таа не ја снижува pH вредноста, туку ја зголемува. Доколку имате камен во бубрези, лимонската киселина помага во нивно растворање. Воедно, помага и за отстранување на амонијакот од телото – производ на метаболизмот, пишуваат од Zenablic.rs.

Многу луѓе не го поднесуваат лимонот затоа што им „кисели“, но токму таа негова особеност му помага на организмот да се избори со многу вируси. Освен што е природен заштитник и корисен за респираторни воспаленија, тој е добар и за оптимизирање на шеќерот во крвта. Кората од лимон, или lemon zest е одличен засилувач на вкусот при подготвувањето на колачи, торти и кремови.

На кого се препорачува конзумирањето лимон?

  • Пушачи
  • Луѓе кои држат диета
  • Сите кои имаат респираторни тегоби
  • Луѓе со дијабет
  • Луѓе со бавен метаболизам
  • Луѓе постари од 60 години

А сега, трк до пазар и да си купите од ова жолто витаминско злато. Ќе ве награди со освежување и грижа за вашето здравје.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДНК анализата на косата на Бетовен открила тајна речиси 200 години по неговата смрт

Angela

Еден од петмината уапсени за протестот во Тетово започна штрајк со глад

Angela

ВИДЕО: Насмеана шума, огромно „смајли“ се појавува секоја есен

Angela