EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости НАСЛОВНА

ДНК анализата на косата на Бетовен открила тајна речиси 200 години по неговата смрт

Речиси два века по смртта на големиот германски композитор Лудвиг ван Бетовен, со генетска анализа на примероците од неговата коса било пробано да се откријат причините за неговото губење на слухот и здравствените проблеми.

Тој починал во март 1827 година, откако три месеци бил „врзан за креветот“ откако заболел од жолтица за време на Божикните празници. По неговата смрт, бил откриен тестамент што композиторот го напишал четврт век порано, а во кој ги молел своите браќа да објават детали за неговата состојба во јавноста. Затоа денес не е тајна дека еден од најголемите музичари што светот некогаш ги имал, оглувел во средината на своите 40-ти години. Тоа било трагична иронија што Бетовен сакал светот да ја разбере.

Губењето на слухот на Бетовен започнало како тинитус (зуење во ушите) во неговите 20-ти, што потоа го отстапило местото на намалената толеранција на гласни звуци, а завршило со комплетно губење на слухот на повисоките тонови, со што неговата кариера на изведување била завршена.

Една истрага од 2007 година, со форензичка анализа на прамен од коса, покажала дека можеби станува збор за труење со олово, но новите наоди каде што била направена споредба на осум прамени од коса го демантирала тоа. Било востановено дека три од тие прамени (вклучувајќи го и тој од претходната анализа) не може да се докаже дека е од ист човек како оние пет што припаѓале на профил опишан како „европски маж со германско потекло“. Откриен е фактот дека Бетовен во април 1826 година лично му доставил еден од прамените на пијанистот Антон Халм, велејќи „Das sind meine Haare!“ („Тоа е мојата коса!“). Заклучокот е дека неговата смрт веројатно била последица на инфекцијата со хепатитис Б, влошена од неговото пиење и бројните фактори на ризик за болести на црниот дроб.

ДНК анализата при споредба со гените на неговите денешни роднини по татковска линија покажала и несовпаѓање на хромозомот Y во примероците на косата, поради што се фрла сомнеж за вонбрачни активности на неговите предци.

Фото: Karl Joseph Stieler, Public domain, via Wikimedia Commons

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се за неверството и неговите фази – дали нешто препознавате кај партнерот?

Angela

Ристовски и Стерјев со моќна порака пред Супер купот: Треба да победи фер-плејот

Angela

Стапката на рак кај младите пораснала за 79 отсто во изминатите 30 години

Angela