EXCLUSIVE MK
Фудбал

Барселона и Дембеле се поблиску до договор

Барселона постигнала значителен напредок во преговорите со Осман Дембеле за продолжување на соработката, пренесува „Мундо Депортиво“.

Раководството има оптимизам дека преговорите можат да завршат наскоро и Дембеле да стави потпис на нов договор.

Дембеле влезе во последната година од договорот, па доколку не го продолжи договорот следното лето може да си замине без обештетување.

Французинот доживеа тешка повреда на ЕУРО, имаше операција и моментално се рехабилитира, а се очекува да се врати на терените во јануари 2022 година.

Барселона беше загрижена дека може да го загуби фудбалерот без обештетување следното лето, но последните информации се дека двете страни се блиску до договор.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Италија без двајца клучни играчи против Македонија

Angela

Човекот кој прв објави за новиот договор на Мбапе излезе со „бомба“ за Зидан

Angela

Младински репрезентативец Бехар Фета три години во дресот на Марибор!

Angela