EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Биткоин повторно над 50.000 долари, која му е вредноста?

Биткоинот, најсилната крипто -валута во светот во однос на пазарната вредност, денеска порасна за прв пат во последните четири недели над 50.000 долари, продолжувајќи го растот што го забележа од почетокот на октомври, пренесува Ројтерс.

Најстарата глобална криптовалута падна под тоа ниво на 7 септември поради општата продажба на дигитални монети и акции во компании вклучени во синџири на блокчејн, и продолжи да тоне за да достигне најниско ниво од 40.596 долари на 21 септември.

Биткоинот денес порасна за 2,35 проценти на 50.398,10 долари.

Инвестициите во крипто производи и фондови растат седма недела по ред, бидејќи институционалните инвеститори беа охрабрени од најавите за поддршка од државните регулатори, се вели во извештајот на порталот Coinshers за управување со дигитални средства.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Оружје и муниција пронајдени во канта за отпад пред двор на скопјанец

Angela

Какво време не очекува во следните четири дена?

Angela

Зеленски посети два града во близина на линијата на фронтот

Angela