EXCLUSIVE MK
Исхрана

Внимателно со ВИШНИТЕ И ЦРЕШИТЕ: Ова овошје е здраво, но ако се јаде на овој начин, може да биде ОПАСНО!

Се ближи сезоната на вишни и цреши. Доколку сте љубители на ова овошје, добрата вест за вас е што можете да уживате во него бидејќи вишните се многу добри и за крвта и за детоксикација. Сепак, треба да внимавате на една работа кога ги јадете.

Имено, не се препорачува голтање или џвакање на семката бидејќи може да го загрози вашето здравје.

Семките од цреши содржат цијаногени гликозиди. Нашето тело може да апсорбира мали количини на цијаногени соединенија, но ако претерате, може сериозно да го загрозите вашето здравје.

Многу поопасно од голтањето семки е да ги грицкате бидејќи ова соединение се ослободува директно и може да доведе до труење.

Симптомите се главоболка, вртоглавица, нервоза и повраќање. Може да има и проблеми со дишењето, зголемен крвен притисок и забрзан пулс.

Друга работа што е исклучително важна е дека треба да се земе предвид количината.

Сајтот „Medical Daily“ наведува дека идеална доза би била чаша цреши дневно, додека поголеми количини може да предизвикаат дигестивни проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пилешко со моркови на едноставен начин: Месото е сочно и меко како путер

Angela

Дома сигурно го имате овој зачин, а не сте ни свесни колку може да ви помогне

Angela

Рецепт за домашни посни крофни: Што да јадете за Велигденските пости

Angela