EXCLUSIVE MK
Мобилни телефони ТЕХНОЛОГИЈА

Имате стар телефон? Еве како и каде да го рециклирате

Заштитете ја природата со неколку брзи и едноставни чекори

Да бидеме искрени, секој од нас поседува неколку стари мобилни телефони во својот дом. Со секоја промена на технологијата и со секој нов модел на пазарот, количествата уреди што се напластуваат како електронски отпад се навистина значително големи. Но, колкумина од нас навистина знаат што вистински поседуваат, од какви материјали се составени старите уреди и како и каде соодветно може да се предадат тие за рециклирање?

Да почнеме од почеток:

Материјалите од кои се направени старите телефонски уреди,доколку не се складираат соодветно, може да бидат навистина штетни за целата околина, вклучувајќи и екстремни последици врз луѓето. За илустрација, во еден мобилен уред може да се најдат материјали како што се олово, жива, берилиум, па дури и антимон. Токму затоа, кога стар телефон (или кој било друг електронски уред) ќе влезе во почвата како отпад, испушта огромен број токсини, кои во голема мера го нарушуваат целиот екосистем.

Не сакате повеќе да го користите стариот телефон: не фрлајте го во канта или во кој било друг отпад што не е соодветно означен!

Најважните чекори што треба да ги преземете за сигурно и навремено одлагање на вашиот телефон се:

Избришете ги сите содржини од стариот телефон и префрлете ги старите контакти во уредот што го користите;

Осигурете се дека телефонот е целосно исклучен;

Пронајдете го најблискиот салон на А1 Македонија и побарајте го специјално означеното место за рециклирање;

Оставете го стариот телефон и, за возврат, подигнете го својот еко-подарок, со кој дополнително ќе придонесете за поздрава и почиста околина.

Добрите вести што се однесуваат на сите нас се дека, за среќа, постојат места низ целата држава каде што секој што поседува стар уред – без оглед на моделот, годината на производство и состојбата во која се наоѓа тој – може лесно и брзо да го остави својот телефон за понатамошно рециклирање.

Затоа, побрзајте и одговорете на повикот на природата: рециклирајте го стариот мобилен телефон уште денес! 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ајкула доби младенче иако живее во базен само со женки

Angela

Што ќе донесе новиот Xiaomi Redmi 10?

Angela

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

Angela