EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ НАСЛОВНА Убавина

Намирници кои го забрзуваат растот на косата: МОЌНО ДЕЛУВААТ!

Различни билки можат да го забрзаат природното растење на косата. Нивната моќ е во тоа што имаат способност да го зголемат протокот на крвта во главата и на тој начин да обезбедат природен процес на растење на влакната.

Зелен чај

Зелениот чај е одличен сојузник во забрзаниот раст на косата. Поради антиоксидансите кои ги содржи, можете секојдневно да го пиете или да го користите како додаток на вашиот шампон или лосион за коса.

Компир

Водата која останува после варењето на компирот е уште еден природен лек кој може да го забрза растењето на косата. Прво измијте ја косата со водата од компирот, а потоа со вашиот омилен шампон.

Маска од јајца

Измешајте едно јајце со 50 мл маслиново масло и смесата нанесете ја на косата. Завиткајте ја косата со пешкир и оставете маската да делува 1 час, потоа отстранете ја. Повторувајте ја постапката еднаш неделно.

Семки од грозје

Одвојте ги семките од грозјето во количина колку за една голема лажица. Додадете им лажица маслиново масло и убаво измешајте. Смесата втријте ја во коренот на косата и оставете да делува 1 час. Потоа отстранете ја.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Фото: Ирина Шајк уште еднаш покажа зошто ја нарекуваат најсекси жена на светот

Angela

Нашиот Трајче ја освои балканската публика: Слаткото момче порасна, еве како изгледа денес (ФОТО)

Angela

Неверојатни факти за храната што ја јадеме

Angela