EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Нема кој не ги сака: Рецепт за највкусните палачинки

Толку меки

Состојки:

200 гр брашно
2 јајца
децилитар масло
3 дл млеко (по желба) и малку млака вода (може да го замените млекото со кисела вода)
една лажичка сол
лажичка шеќер

Подготовка:

Истурете го брашното во длабок пластичен сад, а потоа додадете ги јајцата и околу 2дл млеко. Пробајте убаво да ја изматите смесата за да добиете компактна маса, а по потреба додадете уште малку млеко. Имајте на ум дека тестото можете да го направите само со вода или само со млеко. Најдобро е, сепак, кога ќе ставите половина минерална вода и половина млеко. Важно е тестото да е густо, но без грутки. Проценете дали е многу ретко, и ако е така, додадете уште брашно. Ако палачинките ви се премногу дебели, додадете повеќе млеко или вода. Во изматеното тесто додадете околу децилитар масло и убаво измешајте. Тестото ќе биде подобро ако го оставите да одмори 20-30 минути, што може да влијае на мекоста на палачинките, но и на нивниот вкус.

Истурете малку масло во тавата. Истурете го тестото со кутлача и рамномерно распоредете го на тавата. Температурата на која се печат палачинките мора да биде висока. Оставете ја палачинката неколку моменти на шпорет, а потоа превртете ја. Штом едната страна е испечена, свртете ја на другата страна и печете исто време како и првата или помалку. Готовите палачинки наредете ги на плитка чинија една над друга.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кардио сепак не е потребно за губење на тежината?

Angela

Браќата имаат посебна шифра со МОЌНО значење: Принц Хари револтиран што Вилијам ја искористил во ОВАА прилика

Angela

Досега се регистрирани 4.155 заразени деца од ковид до 9 години

Angela