EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Светот на познатите

Обетки од 12 евра и фустан во стилот на Дајана: Кејт Мидлтон воодушеви со нејзиното ново појавување!

Кејт Мидлтон блесна додека се појавуваше во центарот „Ана Фројд“ во Лондон, каде што се приклучи на серијата дискусии на тркалезни маси за предизвиците со менталното здравје со кои се соочуваат младите денес.

Принцезата од Велс рече дека децата треба да се охрабруваат да учат вештини за ментално здравје кои ќе им помогнат не само на училиште, туку и во сите аспекти од нивниот живот.

На состанокот во Лондон таа се појави во прекрасен зелен кошула-фустан со потпис на британскиот бренд Suzannah, кој беше едноставен, а сепак толку впечатлив.

Фустанот со струк и ракави до лактите ја истакна фигурата на принцезата.

Миди фустанот беше инспириран од 1940-тите, имаше тенок ремен околу струкот кој уште еднаш го истакна тој дел од телото, но и копчиња на средината на целиот фустан.

Креацијата, чија цена е 3.200 евра, одлично и беспрекорно и прилега на принцезата од Велс.

Принцезата од Велс го искомбинирала овој прекрасен фустан со сандали во бела боја и со црн шпиц потпишани од Alessandra Rich, чија цена е 622 евра, кои одлично се вклопија во целата комбинација.

Денешниот стајлинг Кејт го заокружи со прекрасни обетки од Accesorize кои чинат 12 евра.

Сите ја забележаа и нејзината беспрекорно обликувана коса во бранови и нејзината препознатлива насмевка.

Како и секогаш, таа беше минимално и уредно нашминкана. Се на се, не очекувавме ништо помалку од чиста десетка од Кејт Мидлтон.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

По шест месеци брак ја остави поради Шехерезад: Еве како изгледа првата сопруга на турскиот актер Халит Ергенч (ФОТО)

Angela

Советот на амбасадори бара од надлежните да дадат детални информации за пожарот во тетовската болница

Angela

Досега се регистрирани 4.155 заразени деца од ковид до 9 години

Angela