EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Откако го договорија Меси, Инстаграмот на Интер Мајами – „експлодирал“! (ФОТО)

Ефектот наречен Лионел Меси допрва ќе се почувствува во американската МЛС-лига, а особено во неговиот нов клуб, Интер Мајами. Впрочем, ефектот веќе се почувствувал на клупскиот профил на Инстаграм.

До пред доаѓањето на Меси, Интер Мајами имал скромни еден милион следбеници или попрецизно 1.060.000. Откако беше вчера соопштен трансферот, за неполни 24 часа таа бројка пораснала за четири и пол пати!

Интер Мајами во моментов на пишување на овој текст има 4,7 милиони следбеници и бројката продолжува да расте.

Самиот Лионел Меси го следат 469 милиони луѓе, па нема да биде чудно ако и тој добие нови, американски следбеници. Лионел Меси и Кристијано Роналдо ги имаат двата најследени профили на Инстаграм во светот, со тоа што Португалецот е далеку напред, со 588 милиони следбеници. Повеќе има само официјалниот профил на Инстаграм (642 милиона).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by OneFootball (@onefootball)

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Актерката од Хари Потер позираше гола за „Вог“ на 82 години

Angela

ВИДЕО: Лејди Гага ги загрижи обожавателите со изгледот, што се случува со неа?

Angela

„Љубов наша, едвај те чекаме“: Бремената Анастасија го покажа стомакот, Немања покажа нежност (ФОТО)

Angela