EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Пилешко во сос од печурки: Брза и лесна подготовка

Вкусен рецепт за пилешко во сос од печурки.

СОСТОЈКИ:

  • 500 гр пилешко филе
  • 1 кесичка крем супа од печурки
  • 200 мл павлака за готвење
  • малку сол
  • кашкавал (по желба)

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Пилешкото филе исечкајте го на тенки шницли. Содржината од крем супата од печурки истурете ја во подлабок сад, па во неа извалкајте ја секоја шницла. Ставете во намастен огноотпорен сад.
  2. Прелијте ги шницлите со неутрална павлака и сол по вкус. По желба изрендајте малку кашкавал. Печете ги во загреана рерна на 200 степени околу половина час, а потоа намалете ја температурата и оставете ги да се печат уште 15 минути.
  3. Совет: Послужете со варен зеленчук и салата.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кратко им траеше љубовта – се разведуваат Винсент Касел и манекенката, Тина е со скршено срце

Angela

Чајот од цимет и мед е идеален напиток пред спиење за забрзување на метаболизмот

Angela

Мешавина што ја забрза работата на вашите црева

Angela