EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фитнес

Плогинг: Овој фитнес тренинг во Шведска е апсолутен хит!

Плогинг е џогинг, вообичеено рекреативно трчање со една дополнителнаактивност (во наши услови прилично несекојдневна) – собирање отпадоци во ќеси кои трчачот ги носи со себе.

Ова е шведски изум кој потоа се рашири низ светот, а е комбинација од термините „џогинг“ и шведскиот збор „plocka upp“, што значи да собереш, кренеш…

Плогерите трчаат или одат, односно го практикуваат вообичаениот ритам и повремено се наведнуваат за да го соберат ѓубрето што го гледаат пред себе.

Во Шведска има луѓе кои тоа го правеле самоницијативно, без да знаат дека за таа активност постои и име.

Од еколошки аспект, одличен начин за да се спои омилената активност со нешто корисно и тоа за општо добро. Од спортски аспект пак, трчањето или брзото одење со по некое наведнување, придонесува за дополнително согорување калории, помага при флексибилноста на телото, како и при чувството за рамнотежа.

Мишел е една од оние кои уживаат во плогинг. Таа го собира ѓубрето со стапче, а потоа истото го распределува во соодветни канти за ѓубре, односно го сортира.

Плогинг е честа активност и во другите скандинавски земји, одредени делови во Индија, но не толку популарна се’ уште кај нас.

А би било одлично да биде!

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дневен хороскоп: Овој знак го очекува напредување на работното место

Angela

„ЦРНИ ОГНЕНЕ ШТО ИЗГУБИ“ – поранешната на Амиџиќ е вистинска бомба во бикини, овие кадри од нејзиното тело се нереални, можно ли е да има толку години? (ВИДЕО)

Angela

Луѓето масовно јадат портокали додека се капат, еве зошто – отсега ќе го правите ова и вие!

Angela