EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија

Продолжениот Велигденски викенд го наполни Охридското крајбрежје со гости

Туристите од соседството најбројни на брегот на Охридското Езеро, но не изостануваат ниту домашните гости. Со намалување на КОВИД мерките интересот за уживање на охридско-струшката ривиера е зголемен. Полека, но сигурно се враќа сјајот од годините пред пандемијата.

– Охрид се повеќе наликува на годините пред пандемијата, раздвижен, полни ресторани и кафулиња, а по повеќе од две години може да се видат и задоволните и исполнети лица без маски, забележуваат охриѓани.

Но, прв пат годинава, за Велигден, дуќаните во охридската и струшката чаршија ќе останат затворени, поради новото законско решение за недела да е неработен ден.

Сместувачките капацитети во хотелите на охридско-струшката ривиера се исполнети 40 до 50 отсто, претежно странски гости, информира претседателот на Асоцијацијата на хотелиери – ХОТАМ, Крсте Блажески. Поголема е исполнетоста кај помалите хотели и приватните станоиздавачи, но дел од гостите се сместени и во сопствени викенд станови.

Од организираните гости, за Велигден, во хотелите на ривиерата, според Блажески, најбројни се бугарите и грците, а неизостануваат и индивидуалните посети на туристи од Србија и Албанија.

Велигденските и претстојните Првомајски празници, како и Рамазан Бајрам ќе го вратат сјајот на ривиерата и ќе влеат надеж, за успешна туристичка сезона. /МИА

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Поскапа струја за тие што „копаат“ криптовалути

Angela

ДЗС: Попишани вкупно 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови

Angela

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала

Angela