EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ НАСЛОВНА Убавина

Пролетна нега на кожата

Пролет – време е за будење од зимскиот сон, а со тоа треба да ја разбудите вашата кожа.

Со доаѓањето на пролетта се полека се буди и расцветува. Имаме повеќе сонце и убаво време.

Топлото време и зголемената влажност на воздухот допринесуваат за зголемено потење и зголемена продукција и лачење на себум од масните клетки, а со тоа може да дојде до влошување на веќе постоечките дерматолошки состојби како што се акни, розацеа, егземи, псоријаза.

Еден од најголемите проблеми е исто така и сувоста на кожата, зголемена иритација и чешање.

Пролетта е време кога има зголемување на каснувања од инсекти и крлежи.

Зголемувањето на тревни и поленски алергени во воздухот може да влијае на вашите синуси и да доведе до респираторни алергии, но исто така влијае и на вашата кожа. Ако ве мачи зголемено чешање, осипи и црвенило на кожата вистинскиот причинетел може да биде од алергиска природа. Појавата на алергиски контактни дерматити е доста зачестена на пролет.

Внимавајте дали вашите симптоми се влошуваат при престој на отворено.

При секоја појава на нови кожни промени или влошување на веќе постоечките дерматози препорачуваме постета на дерматолог за навремена и брза дијагностика и третман.

Во текот на зимата доаѓа до натрупување на слој на стари, оштетени и мртви епидермални клетки на нашата кожа, особено на лицето.

Дали вашата кожа изгледа изморено и дехидрирано?

Дали сте задоволни од изгледот и тонусот на вашето лице?

Редовно миење и чистење на кожата, ексфолијација, употреба на лесни хидратантни креми, користење на креми со заштитен фактор СПФ 50+ , конзумирање на овошје и зеленчук и хидрирање со зголемен внес на вода и течности може да допринесат за освежување на вашата кожа.

За повеќе совети посетете ја „НЕУРОМЕДИКА“ за да пробаме да и го вратиме природниот изглед и сјај на вашата кожа. За израмнување на фини брчки, враќање на тонусот, еластичноста и цврстината на кожата на вашето лице нудиме ласерски третмани. Ласерскиот третрман стимулира продукција на колаген кој ја подобрува текстурата и цврстината на вашата кожа, ги брише брчките, лузните од акни или хируршки зафати, пигментациите, со цел подмладување, природна, цврста и мазна кожа.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Извршен претрес во Неготино: Приведени две лица, пронајдена дрога

Angela

Хороскоп: Како се однесуваат заљубените мажи?

Angela

Дневен хороскоп – еве што ви носи денешниот ден

Angela