EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Рецепт за домашен сок од јагоди: Идеално освежување за топлите денови

Домашното е секогаш подобра опција

Слатките и сочни јагоди не само што изгледаат добро и имаат добар вкус, туку се и многу здрави, па затоа е препорачливо да ги јадете додека трае сезоната.

Доколку сте љубители на домашните сокови и јагоди, тогаш ќе ве воодушеви рецептот кој ви го подготвивме денес.

Состојки:

2 кг јагоди

2 л вода

1 кг шеќер

1 лимон

2 кесички лимонтус

Подготовка:

Истурете ги водата и шеќерот во тенџере, па ставете го на средна температура.

Јагодите измијте ги и извадете ги дршките, па изблендирајте ги со блендер.

Во зовриена вода додадете ги јагодите и варете 30 минути.

Цело време тргајте ја пената од површината.

Кон крајот на варењето, додадете го сокот од лимон и лимонтусот.

Истурете го сокот во стерилизирани шишиња и чувајте ги на ладно и суво место.

Уживајте!

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Конзумирање јаткасти плодови помага во намалувањето на ризикот од дијабет

Angela

ЅВЕЗДАТА ОД ФИЛМОВИТЕ НА ДИЗНИ ЗАГИНА НА БИЗАРЕН НАЧИН – имаше само 30 години, лекарите не можеле да направат ништо по овој кобен настан (ФОТО)

Angela

Моден двобој на двете кралици: Ранија и Летиција модни „ривалки“ со едно нешто заедничко (ФОТО)

Angela