EXCLUSIVE MK
Економија

Струјата ќе влијае да поскапи водата, на потег е Советот на Град Скопје!

Барањата за повисока цена на водоводните услуги од јавните претпријатија ги правдаат со зголемените трошоци за струја, кои ги пресметувале според берзанската цена на струјата.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) донесе одлука минималната цена на водата за пиење во Скопје да изнесува 31,53 денари за метар кубен, а максималната 34,82 денари, а ваквиот предлог е доставен до ЈП „Водовод и канализација“-Скопје.

Ова претпријатие ќе треба да донесе своја одлука и да ја достави на одобрување до Советот на Град Скопје, по што ќе се знае конечната цена која скопјани ќе ја плаќаат за кубик потрошена вода.

Конечната одлука за цената на водата ќе се знае најмногу во рок од 150 дена, кога треба да заврши целата процедура, вклучително и одобрувањето од Советот на Град Скопје.

Photo by Jos Speetjens on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Поевтинуваат горивата во Македнија

Angela

УЈП: Рокови за исполнување на редовните даночни обврски за октомври

Angela

Заборавете на пазарување со пластични кеси од 1 декември

Angela