EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато

ФОТО: Серена Вилијамс повторно бремена, го покажа трудничкиот стомак

Серена Вилијамс откри дека е бремена по втор пат покажувајќи го трудничкиот стомак на Мет Гала во Њујорк, а на настанот се појави заедно со сопругот Алексис Оханијан.

Познатата тенисерка минатата година најави повлекување од тенисот, откривајќи за Вог дека сака да го зголеми своето семејство откако во 2017 година ја роди својата прва ќерка.

Зборувајќи со новинарите Вилијамс откри дека „тројца од нив“ пристигнале на настанот.

За оваа прилика таа облече црн фустан на Гучи со бели детали.

Својот труднички изглед го заокружи со бисерно ланче и лента за глава, исто така од бисери.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Италијанците се жалат за состојбата на арената „Тодор Проески“

Angela

Принцот Хари на крунисувањето на татка си „ќе седи десет редови зад семејството“: „Ова му го направи Меган“

Angela

УХМР: Сончево и топло време со температури до 37 степени

Angela