EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Хороскопски знаци повеќе уживаат кога се слободни отколку во врска

Ако сте еден од оние луѓе кои тешко пронаоѓаат партнер и немаат многу врски зад себе, можно е тоа да е поврзано со вашиот хороскопски знак.

Еве кои 3 хороскопски знаци повеќе уживаат кога се слободни отколку во врска:

Близнаци

Секој кој познава барем една личност родена во знакот на Близнаци, знае дека овој знак не успева во долготрајни врски. Секако, тоа не значи дека не копнеат по интимност, но едноставно им е полесно да управуваат со лежерни и не толку комплицирани односи. Близнаците често играат на сигурно и започнуваат врска дури кога се сигурни дека таа ќе успее.

Водолија

Еден од најсамостојните знаци е среќен кога е по негово. Тие се грижливи и сочувстителни, но им треба простор и мир за да можат да ги создаваат своите идеи. Често се во потрага по личност која ги разбира и ги дели нивните ставови и искуството вели дека токму поради тоа не е лесно да пронајдат партнер.

Девица

Премногу е избирлива и критична кон себе, но и кон другите. Девицата има совршена слика за врска кога ќе запознае партнер, но животот во пар никогаш не доаѓа без предизвици. Меѓутоа, ако нешто не е совршено, тоа не е доволно добро за Девицата. Затоа попрво ќе го причека совршениот партнер отколку да се впушта во врски во кои нема да биде задоволна.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

МЗ: Вчера се аплицирани 13 493 вакцини, 30 отсто од населението од 18 до 39 години примило барем една доза

Angela

Цеца ја објави првата заедничка фотографија на Анастасија и Гудељ по загубата на бебето (ФОТО)

Angela

Медалот од Олимписките игри блесна на градите на Георгиевски (Фото)

Angela