EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА СПОРТ Фудбал

Чурлинов: Ако Шалке не ме сака, се враќам во Штутгарт

Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов по сезоната помината на позајмица во Шалке се враќа во Штутгарт, откако двата тима не се договорија за трансфер.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Шалке изрази желба да го откупи договорот на Чурлинов, но Штутгарт бараше премногу, три милиони евра. Исто така, Штутгарт не се согласи да го остави Македонецот на позајмица и следната сезона бидејќи Шалке не сакаше да прифати задолжителен откуп идното лето.

– Навистина уживав минатата сезона во дресот на Шалке со фантастичните навивачи на овој тим. Сепак, доколку Шалке не успеа да се договори со Штутгарт и доколку овој клуб не сака да продолжам таму, тогаш ќе се вратам во Штутгарт. Знам дека конкуренцијата е огромна, но ќе одам таму и ќе се борам за место во тимот – изјави Чурлинов.

Штутгарт го купи Чурлинов од Келн, а македонскиот репрезентативец минатата сезона одигра 22 натпревари за Шалке и постигна осум гола.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Турист не ја препознал кралицата: Ја прашал дали ја знае Елизабета, нејзиниот одговор ќе ве насмее

Angela

Рецепт: Пудинг од јапонски јаболки

Angela

Силен земјотрес синоќа го погоди Крагуевац

Angela