EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Џил и Џо Бајден „пливаат“ во богатство: На даночните инспектори им пријавиле вртоглава цифра

Американскиот претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил ги објавија своите даночни пријави, кои покажуваат дека парот заработил речиси 580.000 долари минатата година и платил ефективна федерална стапка на данок на доход од 23,8 отсто.

Американскиот претседател и првата дама, исто така, донирале околу 3,5 отсто од својот приход, или 20.180 долари, на 20 хуманитарни организации, пренесува Ројтерс.

Тие пријавиле бруто приход за 2022 година од 579.514 американски долари и платиле 137.658 американски долари федерален данок на доход.

Претходната година, која беше прва од мандатот на Бајден како претседател, биле пријавени приходи од 610.702 долари.

Бајден добива плата од 400.000 долари како претседател на САД, а Џил Бајден заработила 82.335 долари од нејзината работа како предавач на англиски јазик на колеџот Северна Вирџинија.

Остатокот од нивниот приход доаѓа од камати на инвестиции, пензии, ануитети и хонорари од книги.

Годишниот извештај, пред крајниот рок во вторник на полноќ за повеќето Американци да поднесат даночни пријави, доаѓа пред претседателската трка во 2024 година во која се очекува Бајден да побара втор, четиригодишен мандат и може повторно, како и во 2020 година, да биде ривал со републиканскиот поранешен американски претседател Доналд Трамп.

За разлика од републиканците, Бајден се залага за повисоки даноци за корпорациите и поединците кои заработуваат над 400.000 долари годишно.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ЌЕ ТРИЕТЕ ОЧИ КОГА ЌЕ ВИДИТЕ КАКО ИЗГЛЕДА – објавена снимка од Александра Пријовиќ во бикини, вакво тело посакува секоја девојка на тие години (ВИДЕО)

Angela

По шест месеци брак ја остави поради Шехерезад: Еве како изгледа првата сопруга на турскиот актер Халит Ергенч (ФОТО)

Angela

Меси е бледа копија на себе, треба да научи дека во ПСЖ ги нема привилегиите кои го имаше во Барселона

Angela