EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

316 позитивни на коронавирус, 10 починати

Во изминатото деноноќие се регистрирани 316 нови случаи на коронавирус, а 10 луѓе починале сите во болнички услови, соопшти Министерството за здравство. Според Регистарот на починати од ковид пријавени се уште 4 починати во период од 13 до 17 септември, се вели во соопштението.

Направени се 3.486 тестирања. Најмногу нови случаи има во Скопје – 140, Велес и Штип по 19, Куманово 38, Кавадарци 16, Струмица 11…

Регистрирани сe 240 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во моментов е 7.029.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 194.891, бројката на оздравени пациенти е 180.031, на починати е 6.831.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Продолжени за уште една седмица актуелните мерки за влез во Грција

Angela

Астролог предупредува дека јуни ќе биде претежок месец за еден знак: Го очекуваат проблеми со здравјето и отказ од работа!

Angela

Сека Алексиќ како сирена: Ги истакна облините по тешката битка за слабеење (ФОТО)

Angela