EXCLUSIVE MK
Македонија

Нов пожар, гори кај светиниколски Богословец

Се појави нов пожар. Почна да гори и кај Богословец во регионот на Свети Николе. Изгореа четири куќи, но нема чоечки жртви.  Алармантна е состојбата во прилепскиот и во скопскиот регион. Во гаснење на пожарите учествуваат сител и локалната самоурпава, противпожарните бригади, локалното население. Во скопскиот регион најкритични се пожарите кај селата Кучково, Горно Свиларе, Добри Дол, Ракотинце, Горно Блаце. Директорот на ЦУК Стојалнче Ангелов рече дека на прво место е безбедноста на луѓето а потоа се друго.

– Куќите ќе ги направиме, ќе помогнат државата, општините, Владата. Дрвјата ќе пораснат не за една туку за повеќе години. Затоа се фокусираме на спасување на човечките животи. Тешко е да се напушти домот кој што некој со градел со сопствени раце, со мачно заработени пари, целиот свој живот, но ве уверувм нов дом ќе се направи но човечкиот живот не се враќа. Затоа апелирам до сите граѓани кои ќе се најдат во место кон кое што се движи да го напуштат. Бегајте евакуирајте се човечкиот живот е бесценет. Пожарите се шират со чудна брзина. Дури имаме и сомнтелни моменти, како одеднаш се палат пожари на повеќе локации. Полицијата работи на барање на причинителите. Бегајте евакуирајте се човечкиот живот е бесценет, рече Ангелов.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ексклузивно ВИДЕО: Прва навивачка химна од навивачите за ракометната репрезентација за ЕП

Angela

Утре и задутре е Задушница: Овој грев го прават сите, но немојте и вие – особено една работа мора да направите доколку не отидете на гробишта

Angela

Времето денес ќе биде претежно сончево

Angela