EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА Светот на познатите Шоу биз

Ал Пачино раскина со девојката три месеци откако добија син

Ал Пачино (83) и Нур Алфалах ја прекинаа својата љубовна врска само три месеци откако добија дете, пишува „Дејли мејл“.

Според „Бласт“, пак, којшто објави и правни документи, Нур бара целосно старателство над нивниот син, и дека сака глумецот да има право на посети.

Инаку, Ал Пачино и нeговата 54 години помлада девојка беа во врска две години. Во јуни оваа година, глумецот потврди дека го добиле своето прво заедничко, машко дете, а западните медиуми пишуваа дека таа направила и ДНК-тест којшто го потврдил татковството на Пачино.

Претпоследната врска на Нур – со Мик Џегер заврши во 2017 година, а претходно таа беше поврзувана и со Клинт Иствуд. Инаку, Ал Пачино од претходните врски ги има ќерката Џули (33) и 22-годишните близнаци Оливија и Антон.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Како да познаете дека лажe?

Angela

Го уништуваат задоволството: Три работи кои жените не треба да ги прават пред сексот

Angela

Принцот Хари ќе присуствува на крунисувањето на кралот Чарлс Трети, Меган ќе чува деца

Angela