EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Посни колачиња со тиква

Изненадете ги домашните со овие вкусни посни колачиња со тиква…

Потребни состојки:

– 250 гр маргарин

– 1 лажица мед

– 1 чаша (200 мл) шеќер

– 150 гр сецкани ореви

– 100 гр суво грозје

– 1 пециво

– 600 гр брашно

– 1 чаша пасирана печена тиква

Подготовка:

Најпрво изматете го маргаринот со шеќерот и медот. Додадете ги другите состојки и измесете убаво да се соедини. Од тестото извадете топчиња, малку сплескајте ги и редете ги во плех обложен со хартија за печење.

Печете во загреана рерна на 180 степени, околу 15 минути.

Кога се печени и изладени, по желба може да се посипат со шеќер во прав.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Човекот кој прв објави за новиот договор на Мбапе излезе со „бомба“ за Зидан

Angela

Трагедја: Двајца мртви и десетици повредени во судир на два патнички воза

Angela

Чурлинов: Ако Шалке не ме сака, се враќам во Штутгарт

Angela