EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ

Без хемикалии: Средство за чистење од лимон, лимета и оцет

Овој повеќенаменски спреј ја комбинира ефикасноста на лимон, лимета и оцет. Може да се користи за чистење на секое место во домот, од бања до кујна.

Ниското ниво на pH и киселини кои се наоѓаат во лимон, лимета и оцет чистат совршено и спречуваат појава на какви било микроорганизми.

Не треба да го мешате оцетот со избелувач бидејќи ќе се создаде хлор. Не користете лимон и лимета за чистење на мермерни површини.

Потребно е:

Распрскувач

Цедалка

Филтер за кафе или газа

Чаша

Чиста крпа

1 лимон

1 лимета

250 мл дестилиран оцет

Чаша вода

Исцедете лимон и лимета. Процедете го сокот со газа. Додајте го сокот и оцетот во празен распрскувач. Протресете за да се соедини течноста.

Оставете ја течноста да отстои на местото коешто сакате да го исчистите. Потоа исчистете со стара четка за заби. Измијте со вода, освен доколку чистите огледало или прозорец. Во тој случај избришете со чиста крпа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Уролог предупредува: Оваа обврска по сексот ниту една жена не треба да ја прескокнува

Angela

Коригирајте ги несовршеностите на лицето

Angela

Нутриционистите препорачуваат почесто консумирање на овој сочен плод

Angela