EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Богатство на витамини: Ги јакне коските, го намалува ризикот од дијабетес

Неколку научни студии потврдиле дека консумирањето на околу 100 грама сливи на ден во период од три месеци значително ги зголемува маркерите во крвта кои покажуваа зголемена густина на коските.

Освен што ги јакнат коските, сливите исто така го намалуваат ризикот од заболување со канцер на дебелото црево, а консумирањето на 12 сливи се проценува на дневна количина во текот на два месеци која го намалува лошиот холестерол.

Свежата слива изобилува со витамини Ц, Б6, Б2, Б3, К, бакар, магнезиум, железо, калциум и содржи дури 240 милиграми калциум на 100 грама овошје.

Калиумот во сливите има добро влијание и врз притисокот, како и на здравјето на срцето.
Овој елемент ја поттикнува коагулацијата на тромбоцитите што е важно во борбата против атеросклероза и други болести на срцето.

На трудниците им се препорачува да јадат по една слива дневно во текот на бременоста.
Сливите изобилуваат и со растителни влакна, два грама во 100 грама сливи, а покрај тоа сливите се и нискокалорично овошје.

Дихидрокси-фенил изатин е една од состојките на сливите поради која ова овошје има и лаксативно влијание.

Сливите имаат и низок гликемиски индекс, што значи дека можат да помогнат во контрола на нивото на шеќер во крвта и да се намали ризикот од дијабетес тип 1. Тие можат да го намалат и нивото на триглицериди и глукоза во крвта, за што е заслужен лутеинот.
Исто така, флавоноидите во сливите го намалуваат ризикот од отпорност на инсулин, а позитивно влијаат и на инсулинската чувствителност.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Знаци кои откриваат дека мажот е лош во кревет

Angela

Извршен претрес во Неготино: Приведени две лица, пронајдена дрога

Angela

Пејачката ги остави сите без здив: Јелена Карлеуша како од мајка родена (ВИДЕО)

Angela