EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Медицина НАСЛОВНА

Зошто да се разбудите и да го почнете денот во 5 часот наутро?

Има чудно чувство на задоволство кога знаете дека денот ви започнува кога повеќето луѓе сè уште се во кревет. Затоа, станете рано, развијте рутина и фокусирајте се на продуктивноста.

Оставањето на удобностите од вашиот кревет ќе бидат тешки првите неколку недели. Сепак, со време тој почетен умор ќе исчезне и ќе почнете да се чувствувате навистина одлично.

Ќе забележите позитивни влијанија во вашето здравје, умот, финансиите, комуникацијата, расположението и кариерата. Откако ќе ја стекнете оваа рутина која навистина може да ви помогне во овие области од вашиот живот, будењето во 5 часот наутро ќе го промени вашиот живот.

Подготовка за утринска рутина

Без разлика дали целта ви е да ја зголемите продуктивноста или не, ќе ви треба план за утрото пред да се вклучи алармот.

Секоја ноќ правете неколку основни работи за да се подготвите за успех и продуктивност за утрото што претстои:

  • Измијте ги сите садови
  • Спакувајте го ручекот за работа
  • Наредете ги предметите за појадок на подостапно место
  • Подгответе ја облеката што ви е потребна за вежбање и работа
  • Направете преглед на изминатиот ден и подгответе ги клучните приоритети за следниот – на лично и професионално поле

Со тоа што ќе знаете што точно ќе правите по будењето, ќе добиете ментална предност над алармот. Додатно, ќе бидете попродуктивни и ќе го максимизирате ограниченото време.

Без вообичаени одвлекувања на внимание

Во раните утрински часови нема да се соочувате со вообичаените дневни одвекувања на вниманието, како емаил пораки, телефонски повици или разговори кои го преплавуваат вашиот  ум со потребите и барањата на другите.

Утрото ќе стане време посветено на вас и вашите приоритети. Ќе имате време да ги правите работите што навистина ги сакате. Може да читате, вежбате или да бидете во тек со најновите вести и случувања во областа во која делувате или ве интересира.

Издвојувањето на ова лично време во раните утрински часови ќе ви даде енергија и фокус во текот на целиот ден.

Повеќе активно време

Наместо будење во 7 часот наутро,  доколку се будите во 5 часот за време на работниот век од 30 години, ќе имате на располагање додатни 15.600 часа, што е 650 дена или скоро 2 години.

Ова време може да ви помогне да обратите внимание на вашите секојдневни активности и да размислите за вашиот правец на работење и напредок во животот.

Подобро спиење

Кога ќе се будите секојдневно во 5 часот наутро, кога ќе дојде време за спиење ќе бидете веќе исцрпени и ќе заспиете полесно. Повеќе нема да имате потреба да работите пред спиење и да легнете загрижени за сè што треба да направите наредниот ден. Ќе знаете дека ќе се разбудите рано и ќе имате два или три часа за доорганизирање и планирање.

Можеби ќе спиете помалку часови од вообичаеното, но ќе се чувствувате подобро поради подлабокото спиење. Покрај подлабокото спиење, намалениот стрес ќе доведе до повисоко ниво на задоволство во вашиот живот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Што стилот на расправање говори за вашата врска?

Angela

Четири хороскопски знаци ќе имаат невидена среќа во јуни: Ќе „убодат“ џекпот

Angela

Три корисни совети за сексот да трае подолго

Angela