EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Свет

Бура во САД: Подигнато обвинение против поранешниот претседател Трамп

Поротата одлучи дека има основа за подигање обвинение против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, што се темели на финансиска истрага за исплаќање службени пари во приватни цели.

Според новинарските стории од САД, порно актерката Сторми Дениелс добила 130.000 долари за време на изборите во 2016 година. Наводно, таа тврдела дека имала афера со Трамп во 2006 година, но во предизборниот период Трамп преку своите соработници ја исплатил за да не ги изнесува тие тврдења во јавност, додека самиот тој ги демантирал.

Иако самата исплата на парите не се смета за кривично дело, кога Трамп ги префрлал парите на соработниците образложението за плаќањето било дека станува збор за „трошоци за правни услуги“. Според обвинителите ова претставувало фалсификување на финансиските извештаи што е казниво.

Дополнително, обвинителите можат да спорат дека оваа исплата ги крши и изборните закони, бидејќи обидот на Трамп за прикривање на исплатата кон Дениелс биле мотивирани од тоа нивната афера да биде прикриена од гласачите што е многу потешко кривично дело.

Од „Си-Ен-Ен“ велат дека во обвинението, кое уште не е јавно достапно, се вклучени повеќе од 30 случаи на финансиски измами од страна на Трамп.

По информациите за подигнатото обвинение, членовите на Републиканската партија застанаа во одбрана на поранешниот американски претседател, додека од Демократската партија потенцираа дека никој не може да биде над законот.

Photo by Library of Congress on Unsplash

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Условите за влез во Грција продолжени до 27 август

Angela

ОСВОИ ЧЕТИРИ МИЛИОНИ НА ЛОТАРИЈА – семејството веднаш се откажа од него

Angela

Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала

Angela