EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Вредноста на биткоинот го обнови историскиот рекорд

Вредноста на најпопуларната криптовалута биткоинот го обнови својот историски максимум и првпат го мина прагот од 67.000 американски долари, покажуваат податоците за трегувањето во ноќта кон вторникот.

На берзата Binance, најголемата берзанска платформа за круптовалути според обемот на тргувањето, половина час по полноќ кон вторникот по македонско врeме, вредноста на биткоинот скокна за 7,5 отсто до 67.650 долари.

Според податоците од специјализираниот портал CoinMarketCap, кој ја пресметува просечната вредност според показателите од повеќе од 20 берзи, биткоинот поскапел за 7,29 отсто, до 67.600 долари. Динамиката на овој показател секогаш е дадена во едно деноноќие.

Така, цената на биткоинот се врати на рекорните ниво, обновувајќи го историскиот рекорд. Претходната максимална вредност на криптовалутата, постигната на 20-ти октомври годинава, изнесуваше точно 67.000 долари, додека претходниот историски рекорд беше забележан во април и изнесуваше 64.850 долари.

Биткоинот поскапува втор месец со ред, откако на почетокот од октомври вредноста на криптовалутата скокна за 40 отсто на 61.300 долари од претходното ниво од 43.820 долари. Претходно во септември биткоинот поевтини, откако во претходните два месеца во јули и август бележеше силен раст од вкупно речиси 35 отсто.

Претходно откако криптовалутата го достигна априлското рекордно ниво, во мај биткоинот загуби речиси една третина од својата вредност и потоа неговата цена падна на 37.300 долари од 57.700, а се врати кон плафонот од 60.000 долари дури кон средината на октомври.

Биткоинот е децентрализиран систем на истоимената криптовалута заснован на блокчејн технологијата, која може да биде „ископана“ (издадена) од секој корисник кој учествува во системот, за што е потребно да се креираат нови блокови во системот. Концептот на системот беше објавен во ноември 2008 година од нејзиниот креатор, а најверојатно група креатори, под псевдонимот Сатоши Накамото. Пикот на својата популарност биткоинот го достигна последните години. Емисијата на биткоини е природно ограничена, моментално повеќето биткоини веќе се „изрударени“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Изнајмила Ламборџини, па исчезнала – сопственикот нуди награда од 25.000 евра

Angela

ФОТО: Преубав е и повеќе од јасно е на кого личи: Крстан за прв пат позираше пред камерите, а Вељко гордо го држеше

Angela

До среда сончево и топло, од четврток намалување на температурата

Angela