EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Дами, доколку спиете во оваа положба може да доживеете оргазам

Дами, дали сте знаеле дека спиењето во одредена положба може да влијае на доживувањето оргазам? Добро познат е фактот дека мажите во текот на ноќта може да ејакулираат, феноменот на „влажни соништа“ им се случува и на жените.

Сексологот д-р Џес Орели за „Daily Star“ изјавила дека мажите имаат двојно поголема шанса во сон да доживеат оргазам, за разлика од жените – но не го доживуваат тоа само мажите додека спијат.

Доколку жената сака да ја зголеми шансата да доживее оргазам во текот на сонот, тогаш таа треба да спие на својот стомак.

Очигледно е дека оваа положба дава поголема стимулација на клиторисот и поврзана е со соништата кои што изгледаат реално.

Шансите да доживее оргазам исто така се зголемуваат доколку подолго време не сте го доживеале тоа и доколку сте изморени.

Староста исто така има важна улога во доживувањето оргазам во текот на сонот. Жените во 40-те и 50-те години имаат поглема шанса да го доживеат.

Истражувањата покажале дека дури 80 отсто од мажите и 40 отсто од жените доживуваат моќен оргазам во текот на сонот.

Разлика помеѓу машкиот и женскиот оргазам во текот на сонот

Мажите кои што доживуваат оргазам во текот на сонот оставаат видливи докази во вид на семена течност или пак сперма која што во моментот на ејакулација се испушта.

Кај жените тоа е поразлично. Иако во текот на сексуалниот однос кај жените се лачи вагинална течност, во сон не мора да биде така. Кај жените оргазмот се манифестира со забрзана работа на срцето, зголемен крвен притисок, ширење на зеницата во окото и зголемено потење.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Што ќе се случи со телото и умот ако мастурбирате 3 пати неделно?

Angela

Најголемата грешка која луѓето ја прават кога ја бараат љубовта

Angela

Знаци кои укажуваат дека имате супер сопруг и парнер

Angela