EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Хороскопски парови кои не се идеални, ама ќе успеат ако се потрудат

Општото астро правило е дека огнените знаци добро функционираат со воздушните, а земјените со водените знаци.

Но, тоа не значи дека не може да процвета љубов и да се одржи долга и значајна врска и во други астролошки комбинации.

Овие хороскопски двојки можеби не се идеални на прв поглед, но може да успеат, ако се потрудат.

ОВЕН И РАК

Овен и Рак изгледа како лоша комбинација од самиот почеток. Овенот е импулсивен огнен знак кој сака да е во движење, а Ракот е чувствителен воден знак кој сака да е во домашно опкружување. Но, родените во знакот на Ракот се полни со љубов и поддршка и ќе им помогнат на партнерите Овни да се чувствуваат поудобно во своите емоции, додека Овните им помагаат на Раковите да ја откријат својата поавантуристичка и страсна страна. Оваа врска може да биде многу длабока, само партнерите треба да си дозволат другиот да го изврши потребното влијание.

БИК И ВАГА

Воздушните знаци како Вагата и земјените како Бикот не важат за најдобриот пар бидејќи се навидум неспоиви елементи. Бикот е приземјен, бавен и сака да знае што точно ќе се случува во иднина, додека Вагата е непредвидлива, интуитивна и често го менува мислењето. Сепак, двојката од овие два знака би можела да просперира бидејќи и двата се поврзани со Венера, планетата на љубовта. Поради заедничката владејачка планета и едниот и другиот знак се приврзаници на романтиката и убавите нешта во животот. Комбинацијата Бик-Вага може одлично да функционира кај двојка во која двајцата се уметници.

ЛАВ И ЈАРЕЦ

Една од главните причини зошто се смета дека ова е невозможна астро комбинација е фактот дека Лавовите сакаат многу внимание од своите партнери. Јарците, пак, се познати по тоа дека работата им е на прво место. Но, и покрај ова, овој невообичаен пар може да успее. Приземјениот Јарец може да му помогне на огнениот Лав да се фокусира, а романтичниот Лав може да му помогне на стегнатиот Јарец да се опушти. И двата знака се изразено преамбициозни, па сѐ додека не си се конкуренција еден на друг, Лавот и Јарецот може да се туркаат нагоре еден со друг и да формираат моќна несопирлива двојка.

РИБИ И СТРЕЛЕЦ

Рибите и Стрелците се пример за знаци кои имаат огромна сексуална тензија меѓу нив. Стрелецот им делува на Рибите несериозно и незрело, а родените во знакот Риби може да им изгледаат премногу чудно и несфатливо на расеаните Стрелци. Оваа врска можеби ќе има многу расправии и тензија, но сексуалната енергија е толку силна што може да ги држи „во мрак“ доволно долго за да се развијат подлабоки емоции.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Ќе го добијат тоа што го сакаат за Велигден: Два хороскопски знаци ќе скокаат од среќа за празничниот викенд

Angela

Овие работи никако не ги ставајте во машината за миење садови

Angela

Го уништуваат задоволството: Три работи кои жените не треба да ги прават пред сексот

Angela