EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Фудбал

Македонските екипи ги дознаа можните противници во Конференциската лига!

Македонските екипи попладнево со жрепка во Нион ги дознаа можните противници за второто квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.

Освојувачот на националниот Куп, Македонија Ѓорче Петров, ќе игра против азербејџански Сабах, доколку во воведното коло успее да го елиминира РФС од Летонија.

Фудбалерите на Шкендија со евентуален успех на стартот од квалификациите против велшки Хаверфордвест во второто коло за противник ќе го имаат победникот од дуелот меѓу Б36 Торшавн од Фарските Острови и естонски Паиде, додека Шкупи ќе игра против бугарскиот претставник Левски во случај да ја мине првата пречка во литвански Хагелман.

Доколку македонскиот првак Струга во воведното квалификациско коло во Лигата на шампиони претрпе елиминација од литвански Жалгирис, за противник во второто квалификациско коло во Лигата на конференции ќе има екипа од прелиминарната рунда која дополнително ќе биде позната.

Првите натпреварите од второто квалификациско коло во Лигата на конференции се на програмата на 27 јули, а реваншите на 3 август.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ФОТО: Грчка манекенка во природно издание на Канскиот фестивал, бројни реакции за нејзините веѓи на социјалните мрежи

Angela

ТРЕТАТА ДОЗА ЌЕ ЈА ПИЕМЕ? Научниците развиваат орална вакцина против ковид-19

Angela

Сека Алексиќ разголена во џакузи, а околу неа рај – пејачката ужива во двор како од бајките во својата вила (ФОТО)

Angela