EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Не се воздржувајте од палачинки за време на постите

За омиленоста на палачинките и меѓу децата и меѓу возрасните не треба да се трошат зборови, но често домаќинките ги избегнуваат во време на пости.

Поради тоа, Ви нудиме рецепт што може да го користите доколку сте загрижени за овој аспект, а подеднакво нуди задоволство без оглед дали ќе се одлучите за солена или слатка варијанта.

За една доза потребни ви се 300 грама брашно, 500 милилитри вода, 50 милилитри масло, една ќесичка прашок за пециво, половина кесичка сода бикарбона и половина лажичка сол.

Постапката е речиси иста како кај обичните, единствен исклучок е што нема јајца или млеко. Просеаното брашно помешајте го со прашокот за печиво и сода-бикарбоната, па додајте ги маслото, киселата вода и солта.

Изматете ги сите состојки заедно. Тавата премачкајте ја со масло (можете да употребите и кокосово масло), па со црпалка распоредете ја смесата на тавата. Палачинките пржете ги рамномерно од двете страни.

Доколку преферирате солена варијанта, можете да користите сирење од соја (тофу), како и комбинација од разни зеленчуци. За блага варијанта користете мармалад или мед, а за крцкава текстура додајте јаткасти плодови или мусли.

Photo by Olga Pukhalskaya on Unsplash

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

TAЖНА ВЕСТ: Почина Кико

Angela

Арсовска со 28.083 гласа разлика го победи Шилегов

Angela

Кралот Чарлс во тајност ја исполнил последната желба на кралицата Елизабета, принцот Хари збеснал

Angela