EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Им се заканува на вработените и им го краде бакшишот: Испливаа мрачните тајни на најомразениот готвач кој го нарекуваат „мал тиранин“ – вработените раскажаа сè

Нусрет Гокче, попознат како Salt Bae, турски месар, готвач, забавувач и угостител, чија техника и зачинување на месото стана интернет „меме“ во јануари 2017 година.

Инаку, Salt Bae денес во јавноста е критикуван, па го дефинираат како „мал тиранин“ затоа што неговите поранешни вработени ја разоткриле наводната култура на страв во неговото блескаво царство на ресторани.

Поранешните вработени изнеле грозни работи за Salt Bae

Готвачот гладен за слава – познат по своите специјалитети од злато од 1.500 евра, обвинет е за земање на бакшиш од келнерите и отпуштање на преплашените вработени. Турскиот месар стекнал богатство од 40 милиони фунти со 22 блескави месари ширум светот откако станал вирален хит на интернет.

Но, погоден од седум тужби во два града во кои го обвинуваат за земање на бакшишот од келнерите, полова и расна дискриминација и кршење на законот за вработување. А, го казнил и кривичниот суд во Турција откако се заканувал со убиство на некој келнер.

Во разговор за „Insider“ проговориле девет поранешни работени кои со него работеле во шест ресторани.

Царството на Salt Bae изгледа „златно однадвор“, но „го живее ужасот однатре“, рекол поранешниот бармен Нуср-Ет во Лондон. Еден менаџер којшто работел со него во Њујорк и Мајами изјавил дека Salt Bae се замислувал како интернет славна личност.

„Неговиот свет не беше ништо друго освен Инстаграм и слава. Сензација беше само тој. На крајот доби комплекси поради тоа“, додал тој.

Други поранешни вработени во Миконос го споредиле со диктатор. Останатите тврделе дека владее мачо култура на стравот и дека бил склон на фаворизирање и непредвидени откази.

На вработените им наредил бизарна работа

Бармен во Лондон го споредил работното опкружување со филмовите „Игра на гладните“ велејќи дека вработените никогаш не знаеле дали ќе добијат отказ пред крајот на смената. Домаќинка во истиот ресторан ја опишала бедата на вработените кои постојано биле во страв поради наводен отказ:

„Не знаеш дали те гледа“, изјавила таа, мислејќи на неговите очила за сонце кои му се заштитен знак.

„Многу е непријатно да се биде во негова близина“, додала таа. Исто така кажала дека една колешка добила отказ на самото место откако случајно скршила чаша пред Salt Bae, а друг келнер не бил примен затоа што на шефот не му се допаѓала неговата кошула.

Исто така таа тврдела дека Нусрет бил бесен кога во ресторанот немало резервации, па затоа во една прилика им наредил на вработените да глумат гости кои чекаат на ред надвор пред ресторанот.

Во меѓувреме, поранешни вработени во Миконос и Дубаи тврделе дека тој од вработените барал да го масираат. Во тужбата од август 2021 година која ја поднеле пет произведувачи на месо, пишувало дека Salt Bae има агресивен стил на управување.

Тврделе дека често ги пцуел вработените и ги обвинувал за грешки. Пет мажи биле доведени од Истанбул за да готват во Менхетен, но велат дека наместо тоа биле натерани да ги чистат тоалетите, а исто така не им била платена прекувремената работа.

Шеф од кошмарите

Адвокатот на Salt Bae изјавил дека случајот е „пријателски решен“. Во друга тужба во Њујорк во ноември 2021 година, барменката Елизабет Круз рекла дека била понижена кога менаџерот ѝ наредил првиот ден да се пресоблече во кратко здолниште и високи потпетици, а горниот дел да го открие.

Латино келнерот Анџело Махер тврди во својата тужба дека Salt Bae го нарекувал „шпанска ку*ка“ и дека месниот ресторан во Њујорк бил место за физичко заплашување и дискриминација на вработените кои не се Турци.

Исто така тврдел дека бил натеран да ги лаже купувачите дека месото е дозволено (она што се јаде во исламот), без оглед на фактот што тоа не било вистина.

Неговите тужби се во тек. Тој мора да издвои 230.000 долари со кои би можел да се спогоди со тужбите со уште четири келнери во Менхетен. Тие го обвиниле дека го криел бакшишот и ги отпуштил кога се жалеле за тоа.

За „Insider“ рекла: „Доколку нешто не му се допаѓа, нема отказен рок, ништо. Ти вели одма да си одиш“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СИТЕ ГЛЕДАА ВО НЕА, А МАЛКУМИНА ЗНААТ НИЗ КАКОВ ПЕКОЛ ПОМИНАЛА – животот не ја поштедил водителката на Евровизија (ФОТО)

Angela

Знаци кои откриваат дека мажот е лош во кревет

Angela

(ВИДЕО) Северина се сопна и падна на сцената – „ова го правам секогаш кога сакам да одморам“

Angela