EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Црна хроника

Нападнати малолетни момчиња во четири одделни инциденти

Викендов се пријавени неколку случаи на нападнати малолетници во Скопје, струмичко, велешко и во Радовиш.

Првиот инцидент се случил во петокот вечер, во 19.20 часот во СВР Скопје малолетник од Скопје пријавил дека околу 18.30 часот на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од М.Б. и С.Б.

Во саботата наутро велешанката Д.Д. (34) пријавила дека околу 22.00 часот во петокот на игралиште кај место викано „Тунел” во Велес нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Ј.Д. и В.М.

Во саботата во 20,35 часот во СВР Струмица И.А.(40) од с.Василево, струмичко пријавил дека околу 16.30 часот во с.Градошорци, струмичко, неговиот 17-годишен син и уште едно лице биле физички нападнати од М.Н., С.Н. и А.А.

Ноќеска во 00.40 часот во СВР Струмица Ѓ.Е.(54) од Радовиш пријавил дека околу 23.30 часот, на паркинг во близина на угостителски објект во Радовиш, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.С. од Радовиш.

Полицијата презема мерки за расчистување на споменатите случаи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СНЕГОТ НИКАКО ДА СИ ОТИДЕ СРЕДЕ АПРИЛ – еве какво ќе биде времето денес, а особено утре!

Angela

Нови цени на горивата

Angela

Пациентот со трансплантирано срце пред два дена закрепнува по операцијата

Angela