EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Најдобрите 6 витамини кои можат да го намалат стресот

За да спречиме можни проблеми предизвикани од стрес, може да ги промениме навиките и рутините во текот на денот, да внесуваме повеќе витамини кои можат да помогнат во борбата против стресот и анксиозноста.

Стресот може да доведе до низа здравствени проблеми, предизвикува напнатост на мускулите, болка, стомачни тегоби и проблеми со спиењето. Исто така, влијае на крвниот притисок, на појава на болести на срцето и дијабетес.

Кои витамини можат да го намалат стресот?

Витамин Б5
Овој витамин има голема улога во производството на хормони на надбубрежните жлезди и е познат како антистрес витамин. Во состојба е да го намали излачувањето на кортизол, а тоа му помага на телото да закрепне.

Витамин Б6
Познат како пиридоксин, овој витамин помага во синтеза на хормоните на стрес. Кога телото е под стрес, има помалку Б6 за вршење други функции. Овој витамин е одличен за формирање на серотонин и допамин.

Витамин Ц
Познат е по својствата за имунитет поради високата содржина на антиоксиданти, но игра и голема улога кај стресот. Кога нешто тело ќе се најде под стрес, витаминот Ц природно се намалува.

Омега3
Рибиното масло е најдобро за надминување на воспаленија во телото. Омега-3 масните киселини се основа на здрав нервен систем и здравје на мозокот. Истражување покажа дека внесувањето на омега-3 е поврзано со подобрување на расположението.

Цинк
Цинкот е одличен додаток поврзан со подобрување на имунитетот, отпорноста на инфекции, подобрена енергија и намалување на уморот. Цинкот природно се наоѓа во храна богата со протеини како говедско месо, пилешко и морски плодови.

Витамин Б-12
Витаминот Б-12 се смета за еден од најдобрите суплементи за подобрување на расположението и управување со стресот. Влијае на ослободување на ендорфини кои прават подобро да се чувствувате.

Природни извори на овој витамин се јајца, сирење, говедско месо и школки.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кафе, лимонада и безалкохолни напитоци – никогаш на празен стомак

Angela

Згрутчување на крвта може да биде фатално: Aко имате еден од овие симптоми веднаш на лекар

Angela

Напиток кој прави ЧУДА за организмот, а потребни се само ДВЕ состојки

Angela